Го запира дури и интензивниот косопад- Моќна домашна смеса од 2 едноставни состојки
Проблемот со косопод е многу честа појава, со која подеднакво се соочуваат голем број и на мажи, но и жени. По 35-45-годишна возраст во организамот настануваат промени, кои често доведуваат до паѓање на косата.
Доколку и вие за жал, се соочувате со овој проблем, без грижи, денес за вас имаме подготвено еден ефикасен домашен рецепт кој го спречува дури и интензивниот косопад.
Домашна маска за раст на косата и против косопад
Потребни состојки
- 4-5 ловорови листови
- ‘Ржан леб- лебни трошки до состојба на каша
- 250 мл вода
Начин на подготовка
Полејте ги ловоровите листови со врела вода и оставете ги така да отстојат 1 час. Следно, со добиениот раствор од ловоровите листови полејте ги лебните трошки, а добиената смеса нанесете ја на вашиот скалп.
Оставете ја маската да дејствува 30 минути, а потоа измијте ја вашата коса на вообичаениот начин. Практикувајте го овој домашен третман 1-2 пати неделно, а посакуваните резултати ќе ги забелжите по само 2 месеца.