„Од баклавата на мојата свекрва повкусна нема! И слатка, сочна и се топи во уста, а ова е нејзиниот рецепт“
Најверојатно и вие имате свој докажан домашен рецепт за баклава, но денес ви предлагаме да пробате чудесна баклава со гриз, која е совршена на вкус со неверојатно мека текстура.
Баклава со гриз и ореви
Потребни состојки
- 2 пакувања фини кори за баница (по 400 гр)
- 6 јајца
- 1 и 1/2 кафена шолја шеќер
- 1 и 1/2 кафена шолја мелени ореви
- 1 кафена шолја гриз
- 300 гр масло
За шербетот
- 4 и 1/2 кафена шолја шеќер
- 6 кафени шолји вода
- Сок од половина лимон
Начин на подготовка
Премачкајте го дното на садот со масло, а потоа наредете ги одзогора корите од едното пакување. Врз истите, додадете ја смесата за филот, приготвена од измешаните јајца со шеќерот, кон кои претходно сте ги додале оревите и гризот.
Покријте ја смесата со корите од второто пакување. Исечете ја балкавата ромбови и одозгора полејте со загреаното масло за готвење. Поставете ја да се пече и печете до нејзино вцрвенување.
Полејте ја готовата и изладена баклава со топлиот шербет, приготвен од водата, шеќерот и сокот од лимон.