Домашен третман со кисело млеко за ефикасно прочистување на организамот пред празниците
Тешкиот товар од наталожените токсини и телесни масти го поттикнува телото да старее побрзо, при што се нарушува дигестивната и срцева функција, притоа се влошува состојбата на кожата.
За да ја спречиме оваа несакана појава, потребно е да го прочистиме организамот, а денес ви го откриваме и најлесниот начин како тоа брзо да го сторите.
Домашен третман со кисело млеко за прочистување на организамот
Третманот е предвиден да трае 21 ден. За да го зајакнете неговиот ефект, може да го повторите после 6 месеци.
Прва недела: За појадок консумирајте 100 мл кисело млеко измешано со 3 кафени лажици ленено семе (Се препорачува семињата да бидат сомелени, за да полесно се јадат.)
Втора недела: 100 мл кисело млеко со 6 кафени лажици ленено семе за појадок.
Трета недела: 150 мл кисело млеко со 9 кафени лажици ленено семе за појадок.
40 минути пред појадокот, добро би било да стекнете навика да пиете топла вода на празен стомак.
Благодарение на нивниот моќен состав, овие две состојки не само што ќе го прочистат вашиот организам од наталожените токсини, туку ќе ви помогнат да го стабилизирате холестеролот и липидниот метаболизам. Ќе ги ублажат и отстранат заболувањата на дигестивниот систем и ќе ви помогнат истовремено да бидете и здрави и слаби.