Истражувањата докажаа- Лошиот шеф може да ги разболи вработените
Сето зависи од атмосферата на работното место! Работата со полно работно време може да одземе многу од вашата енергија, без разлика дали го поминувате поголемиот дел седејќи или стоејќи.
Многумина се фокусираат на делот како работата влијае врз физичкото здравје на вработените, но како истата влијае врз психичкото здравје?
Сега најновите американски истражувања спроведени од експерите при Универзитетот Хардвард, откриваат дека најголемиот извор на стрес на вашето работно место всушност може да биде вашиот шеф!
75% од Американците, вработени на најразлични работни места, во разни сфери, одговориле дека го сметаат својот шеф за основната причина зошто се чувствуваат лошо и се под стрес, за време на нивната работа.
Според експертите, лошиот шеф може да влијае подеднакво негативно врз здравјето на вработените, исто како и прекумереното пушење цигари. Покрај тоа, колку подолго останувате на својата работа, работејќи за човек кој ве загрижува и ве прави да се чувствувате вознемирено, толку повеќе се влошува вашето физичко и психичко здравје.
Но, од 75% од испитаниците и покрај негативните одговори, сепак 60% продолжуваат да работат на истото работно место, што според експертите, прераснало во навика или страв од отказ, иако воопшто не се чувствуваат среќни.
Лошите шефови важат за претерано агресивни личности, со нарцисоидни особини, кои предизвикуваат нивото на мотивација кај вработените да се намали значително со текот на времето.