„Јас самата сум воодушевена, 3 дена по ред го правам- Толку лесен и вкусен десерт досега немав правено“
Вообиачениот чизкејк е направен од меко крем сирење или урда со овошје, чоколада и други вкусни состојки. Но, денес ви претставуваме една негова варијанта која не остава никого рамнодушен!
Чудесен чизкејк со банана и урда
Потребни состојки
- 200 гр обезмастена урда
- 1 јајце
- 5 зрели банани
- 4 супени лажици шеќер
- 2 супени лажици брашно
Начин на подготовка
Користејќи миксер, претворете ги бананите во пире. Во урдата, додадете ги брашното и јајцето и добро измешајте ги состојките, до добивање една соединета смеса.
Заедно измешајте ја смесата од урдата со бананите и потоа поставете го добиеното тесто во сад. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 180°C. Вцрвенета кора ќе ви биде индикарот дека тестото е готово.
Готвоиот чизкејк може да го декорирате со слатка павлака или да го полеете со чоколада или карамела, по ваша желба.
Пријатен апетит!