Како сами да направите подлоги за вашите обувки, кои ќе го спречат лизгањето на поледиците кои траат неколку месеци
Можеби веќе сте се нашле во ситуација да купите чизми кои ве освоиле со нивниот моден изглед, но биле сосема бескорисни при одењето на поледиците. Еве како да го решите овој проблем на лесен начин.
Како да направите нелизгачки подлоги за вашите чевли
Ќе ви биде потребно
- Камен за брусење
- Метален толчник
- Чук
- Епоксидна смола
- Соодветни алати, по потреба
Начин на подготовка
Поделете го брусниот камен на неколку мали делови. Може да употребите и обичен песок, но докажано ефектот е многу подобар со овој тип на камен.
Истолчете ги деловите во толчникот, до нивно претворање во песок, но не до прав.
Пресејте го песокот користејќи сито, при што ќе добиете смеса од фини мали честички.
Исипете го песокот во сад за еднократна употреба и израмнете ја неговата текстура.
Поставете ги чизмите хоризонтално, притоа неопходно е претходно добро да ги исчистите нивните оригинални ѓонови со сапун и вода и да ги исушите.
Земете растворувач и обезмастете ја површината. За оваа цел, може да употребите бензин или спирт.
Пригответе ја смолата, зацврствувачот, стапче за мешање и самиот абразив. Фиксирајте ги обувките така што, подлогите се поставени хоризонтално, бидејќи во спротивен случај, смолата ќе истече.
Прво разредете ја смолата со абразивот, а потоа додадете го зацврстувачот. Со стапчето, нанесете ја смесата како што е прикажано на фотографијата и оставете ја да се исуши во текот на следните 24 часа. Потоа, вашите чизми ќе бидат сосема готови за носење и смело чекорење по ледените површини.