Сите ѝ се смеат на оваа невеста, откако објави фотографија од нејзината свадба, а еве и зошто
Девојка од САД стана предмет на исмевање, откако објави слика од нејзината фотографија, на американскиот портал Редит.
Проблемот на фотографијата е што наместо вообичаени букети, нејзините пријателки во раце држат цвеќе сместено во стаклено шише, што според Интернет корисниците, покрај тоа што е сосема непрактично, воедно изгледа и не толку убаво.
Корисниците беа едногласни дека едноставно подобро би било цвеќињата да биле без шишињата.
„Разбирам да се штедело на финансиите, но зарем толку беше невозможно барем етикетите да беа отстранети од шишињата?“, „Подобро ќе било девојките ништо да не држеле во рака.“- гласеа дел од коментарите.
Кое е вашето мислење?