„Домашната маска од компири со која едноставно се препородив- Ги заштитува и прави моите раце кадифено меки цела зима“
На овие простори, факт е дека компирот се смета за основна храна, речиси еднаков на лебот, при што во многу семејства, овој зеленчук е дел од секојдневното мени.
Иако безброј пати имаме пишувано богати вкусни рецепти со истиот, за денес имаме подготвено нешто сосема поразлично за вас.
Станува збор за употреба на компирот за нега на кожата, кој делува чудесно за козметичките цели, благодарение на неговиот моќен состав од витамини од Б групата, кои придонесуваат за производството на колаген.
Домашна маска од компири за сува и надразнета кожа
Потребни состојки
- 1-2 компири
- 1 кафена лажица зејтин
- 1 кафена лажица мед
Начин на подготовка
Сварете ги комприите, потоа почекајте да се изладат и излупете ги, а следно од истите, пригответе пире или едноставно може зеленчукот и да го изрендате. Измешајте ги комприите со зејтинот и медот, а притоа потребно е да добиете смеса со густина како густа кисела павлака.
Начин на употреба
Вака приготвената маска нанесете ја на вашите раце, потоа облечете ракавици и оставете ја маската да дејствува 15-20 минути. На крај, исплакнете со топла вода.
Остатокот од смесата може да го складирате во ладилникот, до следните 2-3 дена, а истовремено, пред секоја употреба, се препорачува да ја затоплите смесата.
Практикувајте го третманот еднаш неделно и за кратко, ќе забележите значителна промена на кожата на вашите раце, кои ќе бидат кадифено меки во текот на целата зима.