Точно 3 минути и 1 состојка ви е се потребни да ја исчистите микробрановата печка- По трикот ќе изгледа како нова
Доколку имате микробранова печка дома, која притоа често ја користите, најверојатно сте забележале дека како последица од готвењето во истата, на нејзините ѕидови и дно се наталожуваат масни наслаги.
Во продолжение прочитајте како за само 3 минути да се справите со овој проблем.
Брз ефикасен трик за чистење на микробранова печка
Најпрво, ќе ви биде потребна врела вода.
Налејте чаша врела вода и додадете 1 супена лажица лимонска киселина.
Внимателно измешајте ги состојките и поставете го садот (кој треба да е од соодветен материјал) со смесата во микробрановата печка.
Вклучете ја микробрановата на 2-3 минути, на максимална моќност. Целта е да ја поттикнете водата да зоврие.
По 3 минути, отворете ја печката и ќе забележите дека по ѕидовите и дното на микробрановата, веќе нема ниту најмала масна наслага.
Сега земете сува крпа.
Избришајте ја кондензираната вода, заедно со маснотиите и остатокот од наслагите.
Тоа е сè! Посакуваниот резултат ќе биде пред вас за само 3 минути!