Златен трик како да ги приготвите највкусните компири, кој го користат само врвните готвачи во светот
Компирите се вкусни во било која форма, дали станува збор за пире или пак крцкави пржени компирчиња. Денес на обожавателите на овој зеленчук им откриваме трик како истиот да го приготват на највкусен начин.
Тајната на највкусните пржени компири
Најпрво измијте и излупете ги компирите.
Потоа, исечете ги на половина.
Користејќи вилушка, целосно изгребете ја површината на компирот, а овој чекор ќе помогне поефикасно да образуваат златна кора при готвењето.
Следно, посолете ги со сол и оставете ги така да отстојат 1-2 минути.
На крај, може да ги исечете компирите на парчиња и да ги испржите.
За да го збогатите нивниот вкус, може да додадете разни зачини, лук, маслиново масло при готвењето на компирите.
Пријатен апетит!