„Започнав да се мијам со овој домашен сапун и по 2 недели, брчките беа видно намалени, а лицето значително затегнато“
Овесната каша е незаменлив избор за оние кои водат здрав начин на живот. Покрај во исхраната, истата лесно може да ја употребите за козметички цели, со подготвување на разни маски и креми за лице.
Но, денес ви откриваме како да подготвите домашен сапун од оваа чудесна состојка, благодарение на кој ќе го ублажите изгледот на здодевните брчки, видно намалувајќи ги, притоа и со чија помош ќе успеете да ја затегнете структурата на кожата на вашето лице.
Рецепт за прочистување на лицето со овесни снегулки
Начин на подготовка
Ќе ви биде потребен стаклен сад од 1-1,5 литри и овесни снегулки (од оние кои се варат). Наполенете го садот до половина со овес, а потоа со врела вода. Добро измешајте ги состојките, покријте со парче завој и оставете ја смесата да отстои 1 ден на собна температура.
Следниот ден повторно промешајте ги состојките, а потоа добро прецедете ги преку двојно свиткан завој. Исплакнете го садот и исипете ја прецедената течност во истиот, покријте со парче завој и складирајте го садот во ладилникот на 1 ден.
Остатокот од овесот може да го употребите како природен пилинг за вашата кожа, наместо да го фрлате.
Кога глутенот ќе се одвои на дното, внимателно, користејќи шприц, испумпајте го најгорниот слој вода. Остатокот од овесното млеко складирајте го во чист сад и поставете го во ладилникот.
Начин на употреба
За време на употребата, извадете мало количество од домашниот сапун од овесни снегулки, затоплете го со триење на вашите раце и мијте го лицето со истиот, 2-3 минути, додека внимателно ја масирате кожата. На крај исплакнете со чиста вода.
Редовното миење на лицето со овесниот сапун ќе ја направи вашата кожа кадифено мека, вашиот тен ќе биде изедначен, а после втората недела и во период од 1 месец, најдобро ќе ги забележите посакуваните резултати, меѓу кои на прво место, исчезнатите брчки и видно подмладеното лице.