Домашна смеса која во живот ја враќа исцрпената, кршлива и сува коса- Дури и бојадисаната
Денешната домашна маска ќе ви помогне да ја зајакнете вашата исцрпена коса. Таа е соодветна за сите типови на коса, а истовремено помага во намалување на косопадот и го стимулира растот на косата.
Потребно е домашната маска да ја нанесувате 2 пати неделно, а за да ги добиете најдобрите посакувани резултати, користете ја во период од 2 месеци.
Домашна маска од квасец за зајакната и совршена коса
Потребни состојки
- 1 супена лажица топло млеко
- 1 кафена лажица мед
- 7 гр сув или 20 гр свеж квасец
Начин на подготовка
Во 1 супена лажица топло млеко се раствора 1 кафена лажица мед, а потоа се додава 20 гр свеж квасец. Оставете ја смесата на топло место да ферментира, 15-20 минути.
Начин на употреба
Добиената каша нанесете ја врз чиста и влажна коса, а потоа косата завиткајте ја во најлонска ќеса или крпа. Оставете ја маската да дејствува 1 час (може и 2 часа, односно колку подолго, толку подобро), а потоа измијте ја косата со топла вода.
Оваа маска ефикасно делува за обновување на косата, бидејќи ги содржи сите неопходни витамини и минерали за нејзиниот раст, кои истовремено и значително ќе ја зајакнат.