Д-р Јоана Будвиг важи за една од најистакнатите германски лекарки, која целиот свој живот го посвети на истражувањата за најстрашната современа болест- ракот.

Иако Јоана почина во 2003-та, нејзините научни трудови и денес спаѓаат меѓу најценетите, чии податоци ги користат врвните експерти. Таа била генијалец од областа на хемијата, а докторирала на теми од областа на физиката, притоа важела за главен консултат во фармацијата, во Германија.

Меѓу другото, Јоана својата слава ја стекнала и по нејзиниот прочуен медицински метод за превенција против рак. Таа во текот на нејзините истражувања утврдила дека во крвта на пациентите кои боледуваат од рак, недостасуваат одредени основни состојки, вклучувајќи фосфатиди и липопротеини. Таа воедно откривла дека овие состојки може лесно да се надоместат во период од 3 месеци, благодарение на што туморите ќе се намалат, а ќе се врати виталноста на личноста.

Домашен превентивен лек против рак

Станува збор за комбинација од 2 природни состојки со органско потекло, односно за смеса од ленено масло и пресно сирење или урда. Според д-р Будвиг, потребно е секојдневно да се консумираат околу 120 грама урда измешани со 45 грама ленено семе.

Неопходно е добро да се измешаат состојките, за да не останат видливи капки од маслото.

Ова природна формула создадена од германската лекарка долги години се користи како превентивен третман низ Европа во борбата против рак, мозочен и срцев удар, артритис, чир итн.