5 практични употреби на четката од маскара, кои ќе им бидат од голема помош на дамите
Прекрасната и уникатна четка од маскарата секогаш знае да ги направи нашите трепки совршени, но покрај оваа нејзината оригинална намена, прочитајте во продолжение на кои 5 други начини може да ја употребите.
1. За дизајн на ноктите
Одлична идеја за дамите кои сакаат да експериментираат со изгледот на нивните нокти.
2. За чистење на накитот
Тенката спирална четка лесно се справува со темелното чистење на прашината и масните наслаги на разните дизајни на накит.
3. За чистење на тастатурата
Со помош на четката од маскара може лесно да ги исчистите и најтешко достапните места на вашата тастатура.
4. За бојадисување на корените на косата
Спиралната четка е совршена за бојадисувањето на несаканите бели влакна, при што одлично ја распоредува бојата.
5. За усните
Четката од маскара може да ви помогне при ексофлијација на усните. Нанесете балсам или вазелин на четката и масирајте ги вашите усни, по што тие на крај ќе бидат извонредни меки и мазни.