Еднаш неделно ја нанесуваш оваа домашна маска на косата, а ефектот е подобар и од ламинирањето- Се обновуваат расцветаните врвови
Косата е важен дел од нашиот надворешен изглед и нејзиниот совршен изглед е сон на секоја жена. Токму, со нанесувањето на оваа домашна маска еднаш неделно, ефикасно ќе се справите со сувата и кршлива коса!
Домашна маска за целосно обновување на сувата и кршлива коса
Потребни состојки
- 1 зрело авокадо
- 3 супени лажици мед (75 гр)
- 1 жолчка
Начин на подготовка
Извадете ја срцевината на авокадото, а потоа сите состојки добро измешајте ги, употребувајќи блендер, до добивање една соединета смеса.
Начин на употреба
Поделете ја вашата коса на неколку делови и нанесете ја домашната маска врз скалпот, притоа распространувајќи ја кон краевите. Оставете ја истата да дејствува 30 минути, а потоа исплакнете со многу вода.
Третманот може да го практикувате до 3 пати неделно, доколку сакате побрзо да ги добиете посакуваните резултати.