2 минути ви се потребни за лесно да ги исчистите копчињата на шпоретот и машината за перење
Денес ви откриваме еден неверојатно многу лесен трик како за само 2 минути да ги отстраните масните наслаги и нечистотијата, наталожени на копчињата од вашите шпорет и машина за алишта.
Лесен необичен трик за брзо чистење на валканите копчиња од шпоретот и машината за перење
Генијалното решение ни го открива една Интернет блогерка, која замастените копчиња ги чисти со само едно движење на паумчен туфер. За целта, жената употребува едно најнеобично средство- обична фарба за коса и едноставно ја вади емулзијата од истата.
Потоа, средството го нанесува употребувајќи обичен памучен туфер врз проблематичната зона. Интересно е тоа што воопшто не мора да вложувате труд за овој процес на чистење, односно не мора да ја триете валканата површина.