Совети за здраво срце
Движете се
Запомнете – срцето е мускул. И за да биде во добра форма, слична на останатите мускули во телото, има потреба од редовни физички активности: пешачење, скијање, велосипедизам, пливање или друг вид спорт. Во фитнес салите има специјални симулатори за подобрување на срцевата активност: патека за трчање, велосипеди, степери.
Внимавајте со вишокот килограми
Тежина над нормалната автоматски го загрозува здравјето на срцето. Според лекарите вишокот масни наслаги ја забавува и нарушува функцијата на сите внатрешни органи а најмногу на срцето!
Предностите на лененото масло
Тоа е најбогатиот извор на омега-3 масни киселини. Неодамнешна студија на Американската асоцијација за срцеви заболувања докажа дека редовниот прием може да ги намали поврзаните со холестерол артериски заболувања со над 46%. Лененото масло е ваш сигурен сојузник, за да се заштитат од артериосклероза, срцеви аритмии, срцев удар и инфаркт. За луѓето кои веќе имале срцев удар, е важно да знаат дека зголемената потрошувачка на омега-3 масни киселини од растително потекло (како ленено семе) го намалуваат ризикот од повторна појава на проблемите со срцето.
Внимавајте на алкохолот
Американски научници докажаа дека умерениот прием на црвено вино го намалува ризикот од опасни крварења во организмот до една третина. Сувото црвеното вино е одличен антиоксиданс поради богатата содржина на полифеноли. Корисното дејство на алкохолот сепак се ограничува до 1 чаша суво црвено вино или 1 кригла пиво.
Цигари? Не!
Според официјалните податоци на Светската здравствена организација пушењето е главна причина за појавата на коронарна срцева болест.
Хранете се балансирано
Едни од најважните производи кои треба да се вклучат во секојдневното мени, се овошјето и зеленчукот. Тие се нискокалорични, но во исто време се богати со витамини, минерали и растителни влакна. Не заборавајте да јадете и интегрални производи – го намалуваат нивото на холестеролот, а и брзо ве заситуваат. Избегнувајте црвено месо, ограничете ја солта и шеќерот. Пијте доволно вода.
Омега-3 масни киселини
Последните истражувања на Американската асоцијација за срцеви заболувања покажуваат дека за да се храниме здраво, во менито задолжително е присуството на храна богата со омега-3 масни киселини . Тие не ги штитат само здравите луѓе од срцеви заболувања, туку го намалуваат ризикот од срцев удар кај оние кои веќе страдаат од болести на срцето. Ова е можно затоа што Омега-3 масните киселини делуваат директно на оние фактори во нашиот организам, кои водат до проблеми со срцето: тие го намалуваат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, триглицеридите, а исто така и нивото на на фибриноген – протеинот, кој е главниот причинител на згрутчувања во крвта.