Рафинираните зрна од јачмен уште во древна Русија се нарекуваат бисерен јачмен, а името го добиле по нивниот изглед кој навистина многу наликува на речните бисери.

Интересно е што во минатото, бисерниот јачмен се сметал за храна која можеле да си ја дозволат само богатите. Истиот содржи има висока хранлива вредност, неопходна за нашиот организам да функционира правилно.

Варениот јачмен содржи огромно количство на лизин- аминокиселина, која учествува во производството на колаген, а сите знаеме дека токму колагенот помага во одржување на еластичноста на кожата и ефикасно ја спречува појавата на брчки.

Притоа јачменот ги содржи витамини од групата А, Б, ПП и Е, кои се неопходни за одржување на здравјето на жените, при што оваа состојка треба да биде вклучена во нивното секојдневно мени.

Рецепт за совршениот појадок кој подмладува- Јачмен со млеко

Потребни состојки

  • 1 пакување рафиниран бисерен јачмен
  • 1 литар вода
  • 2 литри млеко

Начин на подготовка

Исипете го јачменот во водата и оставете го така да отстои во текот на една ноќ. Следното утро, прецедете и налејте умерено затоплено млеко.

Доведете го млекото до вриење, а потоа покријте го тенџерето со капак и гответе на водена пареа. Во текот на ова време, кашата ќе добие природна кремаста нијанса и вкус на испечено млеко.