Како едноставно да ја избелите пожолтената облека, без хемикалии, а 10 пати поефикасно
Дури и оние кои беспрекорно водат сметка за чистотата на нивниот дом и облека, знаат да бидат исправени пред проблемот со пожолтена облека и дамки, кои се чинат дека се невозможни за отстранување.
Секој има своите методи и техники на справување, а ние денес ви го откриваме најлесниот златен трик за овој проблем. Станува збор за чистење на облеката, употребувајќи обична сода бикарбона.
Како да ја избелите пожолтената облека со сода бикарбона
Белите нешта со текот на времето го губат нивниот блескав изглед, а за да го вратите снежно белиот изглед на вашата облека, подготовете домашен избелувачки раствор така што во 5 литри топла вода ќе додадете 5 супени лажици сода бикарбона и 2 литри амонијак.
Потопете ги алиштата во добиениот раствор да отстојат околу 3-4 часа, а потоа исплакнете и исперете ги на вообичаениот начин.