„Домашната маска со која заборавив што е тенка, кршлива и коса која не сака да расте- Најдобрата домашна терапија“
Со помош на какаото не само што може да ја задоволите вашата потреба за благо, но и значително да ја подобрите вашата коса. Маските за коса на база на какаово масло ја обновуваат и зајакнуваат структурата на косата.
Покрај тоа, маслото ги обновува и зајакнува и корените, го стимулираат растот и стават крај на косопадот. Токму поради неговиот моќен ефект, во продолжение ви претставуваме еден чудесен рецепт за домашна маска, благодарение на која ќе ставите крај на вашите проблеми со косата и истата конечно ќе добие совршен изглед.
Маска за сува, кршлива и бојадисана коса
Потребни состојки
- 1 супена лажица какаово масло
- 1 супена лажица масло од корен од чичок
- 1 супена лажица кисело млеко
- 1 жолчка
Начин на подготовка и употреба
Затоплете го маслото од чичок и какаовото масло на воедна пареа до температура од 35-40°C. Кон маслата, додадете ги киселото млеко и жолчката и добро измешајте ги состојките.
Нанесете ја смесата врз неизмиена коса, почнувајќи од скалпот кон краевите, притоа употребувајќи четка за коса, за правилно распространување на маската.
Поставете капа за туширање и завиткајте ја главата во крпа, притоа оставајќи ја маската да дејствува 1-1,5 часа. На крај исплакнете со топла вода и шампон. Практикувајте го третманот 1-2 пати неделно.