3 вкусни природни напитоци кои ја исфрлаат задржаната вода во организамот и брзо гo топат вишокот килограми
Задржувањето на течности во телото е само една од неколкуте причини за појава на прекумерена тежина, а воедно важи и за фактор кој е најпроблематичен за решавање.
Водата се наталожува не само во клетките, туку и во меѓуклеточниот простор, при што бубрезите немаат доволно време да преработат целата таа течност. На овој начин, лесно се појавува стомачната подуеност, а не за долго, започнуваат да се наталожуваат и вишок килограми.
Еве кои природни домашни напитоци ќе ви помогнат брзо и лесно да ставите крај на оваа непријатна и несакана состојба.
1. Чај од глуварче
Исипете 1 шолја врела вода врз 2 супени лажици листови од глуварче, кои претходно сте ги исекле на ситни парчиња. Поставете ја смесата во термос и оставете ја да отстои 1 час. Консумирајте од готовиот чај наутро на празен стомак и пред вечерата.
2. Чај од бреза
Исипете 1 шолја врела вода врз 1 кафена лажица суви листови од бреза. Откако напитокот ќе се излади, додадете половина кафена лажица мед. Испијте го целото количество 30 минути пред вашите оброци, поделено на два дела.
3. Чај од јагоди
Исушете ги јагодите и нивните листови, а потоа исипете 2 супени лажици од сувите плодови и листови во 1 шолја врела вода. Оставете го чајот да отстои 2 часа, а потоа консумирајте по 1 супена лажица, 4 пати дневно, пред секој оброк.