Македонка херој: Илина стана една од 60-те во светот која се искачи на највисоките врвови на сите континенти
Македонското знаме сега гордо се вее на врвот Винсон, на Антартикот, благодарение на неверојатната Македонка, Илина Арсова, која ја заврши мисијата „7 врвови“.
Со тоа, оваа храбра дама со извонреден авантуристички дух, по Меснеровата листа, стана првата жена од Македонија и една од 60-те во светот кои се искачиле на највисоките врвови на сите континенти, воедно постигнувајќи врвен успех во областа на планинарските спортови.
Илина Арсова е ликовна уметница, скијачка и планинарка, која во 2006-та година започна посериозно да ги практикува планинарските спортови, а истата година за првпат се искачи на Монблан.
Во периодот од 2006-та до 2016-та година, таа успеа да се искачи на 5 од 7-те највисоки врвови, а сега нејзината мисија е целосно и успешно завршена.
Нејзиното искуство кое веруваме ќе го памети засекогаш беше поддржано од Агенцијата за Млади и Спорт, Федерацијата за планинарски спортови, како и разни спонзори.