Разградете ги маснотиите во телото со помош на суви смокви и јаболков оцет
Овој рецепт ќе ви помогне значително да ги намалите маснотиите во крвта.Тој содржи само две состојки, но тие заедно се многу моќни во разградувањето на маснотиите. Брз, едноставен и ефикасен рецепт.
Препорачливо е лекот да го направите навечер, а да консумирате рано наутро на празен стомак. 3 суви смокви треба да ги избоцкате од сите страни со чепкалка за заби, а потоа смоквите се ставаат во стаклен сад, во кој претходно сте ставиле јаболков оцет.
Откако смоквите ќе отстојат во оцетот преку ноќ, наутро ќе ги изедете. Не го фрлајте јаболковиот оцет што ви останал, туку искористете го за смоквите за наредниот ден. Ваквиот метод на прочистување на крвта од маснотии трае две недели.