Според психолозите, преку креативните тестови составени од разни слики, цртежи, форми и слично, најдобро може да се открие психолошката состојба на луѓето, врз основа на нивниот одговор и избор.

Па така, денес за вас подготвивме еден краток забавен тест, при кој ваша задача е едноставно да изберете една слика која најмногу ви се допаѓа, а вашиот избор ќе ја открие вашата моментална психолошка состојба.

Значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.

Одговори:

Слика бр. 1

Моментално се наоѓате во хармонична состојба, бидејќи конечно постигнавте баланс во секојдневието. Важите за личност со добро срце, а сега конечно чекорите сигурно по земја, при што сите бараат совети од вас.

Слика бр. 2

Сега се чувствувате најмногу самоуверено од било кога. Работите се под ваша контрола, а без премногу труд успевате да ги решавате сите проблеми, што пак ве прави навистина среќни.

Слика бр. 3

По природа сте мирна и трпелива личност и драмите ве заморуваат. Затоа сега конечно сте пронашле начин како да го одморите вашиот ум, поминувајќи време со себе, што е добро за вашето здравје.

Слика бр. 4

Во последно време сте повеќе чувствителни од вообичаено, при што поминувате повеќе време анализирајќи ги новите ситуации околу вас, но само е потребно да верувате во вашата сила и моќ.

Слика бр. 5

Моментално кај вас повеќе се изразени романтичните чувства, при што добар дел од времето го поминувате мечтаејќи за вашиот партнер или личноста која ви се допаѓа, но важно е и да ја согледате реалноста.

Слика бр. 6

Се чувствувате динамично и активно. Во последно време сте склони кон преземање повеќе ризици, бидејќи чувствувате дека рутината ве гуши и ве депримира.