Вистини и митови за хранењето во време на бременост
Кога очекувате дете, многу од работите кои секојдневно сте ги практикувале, треба да бидат ограничени. Не станува збор само за пиење кафе, алкохол и пушењето на цигари. Понекогаш треба да се внимава и на некои здравствени практики како прочистувањето на организмот.
Чистењето за време на бременоста крие ризици
Точно!
За време на детоксикација во организмот се испуштаат токсини кои преку циркуларниот систем одат во плодот, па затоа повеќето процедури за прочистување не се препорачуваат во време на бременост и доење. Сите практики поврзани со премногу гладување, прочистување на црниот дроб или бубрезите е добро да се остават за после породувањето и доењето.
Неколку дена на сокови не можат да ви наштетат
Грешно!
Свежо цедените сокови е добро да присуствуваат во менито на секоја жена која очекува дете, бидејќи тие ја полнат со корисни витамини. Тие сепак треба да го надополнуваат, а не да претставуваат единствена храна за денот. Исхрана само на сокови крие ризици, бидејќи може да доведе до киселини, слабост и вртоглавица.
Може да го ограничите месото
Точно!
Факт е дека има многу мајки вегетаријанки кои без проблем раѓаат здрави бебиња. Значи, ако не сакате да консумирате месо, додека сте бремени, може да го изоставите. Единствениот услов е да немате анемија и да ја проверувате крвта на секои два месеци. Важно е исто така да јадете многу храна богата со железо како спанаќ, зелка, цвекло и мешункасти плодови.
Строгиот пост е дозволен
Грешно!
Целосното ограничување на секакви производи од животинско потекло може да се покаже како опасно во бременоста. Без сирење и млечни производи нема да можете да го обезбедите потребното количество калциум и ќе го загрозите соодветниот развој на плодот. За бремени се препорачува полесен режим на пост и секоја жена која очекува дете и сака да ги почитува црковните традиции, прво треба да се советува со свештеник и лекар. Освен тоа не треба да заборавате дека вистинскиот пост не се состои само во начинот на исхрана, тоа е претежно духовен чин.
Диетите се дозволени
Точно!
Со единствената одредба дека зависи за какви диети станува збор. Секој оброк што го лишува организмот од неопходните производи за вас и за бебето, крие ризици од забавување на развојот на плодот, предвремено породување и бебе родено со тежина под нормалата. Од друга страна, сепак, ограничувањето на многу производи е скоро задолжително за време на бременоста – полуготови, храна со висока содржина на сол или маснотии, колбаси, паштети, многу пикантна и лута храна, свежи сирења и речиси секакви конзерви. Значи диетите кои се состојат во здравата исхрана, се дозволени.
Бремените не треба да практикуваат никакво прочистување
Грешно!
Само треба да изберете опција која не е толку фрустрирачка за организмот. Не е корисно да се подложуваат на лековито гладување, но спокојно може да се подложи на “лековита исхрана”. Избирајте био производи, намалете го внесот на сол, заборавете на готови јадења и местата за брза храна, внимателно изберете го месото и пијте доволно вода. Така ќе го прочистите организмот, без ризик за соодветен развој на бебето.