„Кога немам јајце, а сакам да испржам ќофтиња, 1 лажица од оваа состојка секогаш ја спасува ситуацијата, а еве и за што друго е корисна“
Вештите луѓе во кујна можат од сосема најобични состојки да подговат вистински ремек-дела од јадења, а тоа се должи на знаењето дека одредени состојки можат да бидат употребени и за многу други цели, освен нивната оригинална.
Истото се однесува и за нишестето во готвењето, за кое подетално ќе ви раскажеме во денешната статија.
Како да го употребите нишестето
Да започнеме со фактот дека постојат 3 вида на популарни нишестe: Од компир, пченкарно и оризово нишесте. Првиот вид најчесто се употребува при приготвувањето на сосови, ќофтиња и јадења со месо, а вторите два вида се повеќе погодни за правење на десерти.
Најраспространетиот начин за употреба на нишестето е за приготвување на желе, чија мека и сочна текстура, лесно го прават за омилен десерт на повеќето, особено меѓу децата.
Може да додадете нишесте и во сосовите со месо, за да ја регулирате нивната конзистентност. Една од основните функции на нишестето е згуснувањето и залепувањето, при што затоа често се користи при подготовката на сосови, само што правот се разредува со масло, а не со вода.
Исто така, доколку само 10% од општата маса на брашно се замени со нишесте може да резултира со раскошна кора и веќе да не се грижите дали тортата ќе биде неуспешна. Оваа промена ќе го направи тестото меко и со вкусна воздушна тесктура.
Заборавивте дека немате јајца, а веќе речиси сте ја подготвиле смесата за ќофтињата? Без грижи, едноставно употребете нишесте. 2 супени лажици од истото ќе бидат доволни да заменат 1 јајце. Доколку немате нишесте, исечете сурови компири и измешајте ги со месото.