Лекарство од Бога: 10 видови на храна кои неверојатно личат на органите кои ги лекуваат
Многу пати сме пишувале за врската меѓу начинот на хранење и здравјето на човекот. Денес ќе отидеме еден чекор подалеку и ќе ви претставиме 10 видови на храна чија форма наликува на органот која го лекуваат.
Еве кои се тие:
1. Грејпфрут- Гради
Грејпфрутот, портокалот и останатите цитрусни овошја наликуваат на млечните жлезди кај жената. Истите го стимулираат движењето на лимфата и притоа содржат лимоноиди, соединенија кои превентивно делуваат во спречувањето на појавата на рак.
2. Орев- Мозок
Оревот неверојатно наликува на човечкиот мозок и важи за една од најдобрите видови храна за овој орган. Тие се моќен извор на омега-3 и содржат многу антиоксиданти, фолна киселина и витамин Е, најмногу од сите други јаткасти плодови.
3. Морков- Очи
Исечениот морков навистина наликува на око. Доколку подобро погледнете, дури ќе успеете да ја забележите зеницата. Бета каротинот, кој ја дава портокаловата боја на морковот, помага во подобрување на видот и го спречува образувањето на перде.
4. Целер- Коски
Стеблото на целерот личи на коски и токму овој зеленчук е исклучително корисен за нивното здравје. Содржи силициј, кој е дел од коскената структура, како и 23% натриум, кој исто така може да се најде во целерот.
5. Домат- Срце
Доматот наликува на срце, најмногу од било кој друг зеленчук. Доматите се богати со ликопен, кој им ја дава црвената боја, а докажано е дека редовната консумација на ликопен, значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
6. Печурка- Уво
Кога ќе ја пресечеме печурката на половина, таа навистина наликува на уво. Истата е многу корисна за здравјето на ушите, бидејќи печурките се богати со витамин Д, кој е од витално значење за самиот слух.
7. Авокадо- Матка
Формата на авокадото неверојатно наликува на утробата и на самата матка. Авокадото ги балансира хормоните и штити од појава на рак на грлото на матката. Исто така, потребни се 9 месеци на авокадото за да се претвори од цвет во зрел плод. Извонредна случајност, зарем не?
8. Ѓумбир- Желудник
Ѓумбирот не само што наликува на желудник, туку и помага во подобрување на дигестивната функција.
9. Грозје- Бели дробови
Грозјето наликува на алвеолите во белите дробови, кои му овозможуваат на кислородот да преминува од дробовите во крвта. Исхраната, богата со свежо грозје го намалува ризикот од појава на рак на овој орган.
10. Сладок компир- Панкреас
Слаткиот компир навистина наликува на панкреас, а покрај тоа помага во подобрување на неговата функција, при што го стабилизира нивото на шеќер во крвта.