Чудесно вкусна чоколадна торта готова за 15 минути- Пакет бисквити, малку топла вода и готово!
Вкусната чоколадна торта која се приготвува многу брзо и за која нема да биде потребно печење, ќе ве освои со нејзиниот чудесен вкус. Едноставно само треба да бидете трпеливи и да почеката да отстои малку.
Чоколадна торта за 15 минути
Потребни состојки
- 400 гр светли бисквити
- 400 гр чоколадни бисквити
- 500 гр млеко во прав
- 200 гр шеќер
- 60 гр какао
- 250 гр врела вода
- 200 гр путер
- Чоколадо за декорација
Начин на подготовка
Најпрво подгответе го чоколадниот крем. За таа цел, додадете ја врелата вода кон шеќерот и мешајте, додека истиот целосно не се растопи. Следно додадете го млекото во прав, додека непрекинато ја мешате смесата.
Додадете го и какаото во прав и мешајте до добивање мазна семса. На крај, додадете го растопениот путер и добро измешајте го добиениот крем.
Покријте го дното на садот, во кој ќе ја поставите тортата, со хартија за печење и нанесете малку од кремот, притоа добро распоредувајќи го истиот на дното.
Поставете слој темни, чоколадни бисквити врз кремот, а потоа нанесете обилен слој од кремот и врз истиот поставете светли бисквити. Одзгора нанесете повторно од слојот.
На овој начин, слој по слој, наредете ги сите бисквити и нанесете го целиот крем.
Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете ја тортата да отстои, односно да се зацврсти во ладилникот, на неколку часа. Најдобро е да ја оставите да отстои во текот на ноќта.
Потоа, свртете ја тортата при сервирањето во чинија за десерт, така што дното ќе се најде одозгора и декорирајте ја тортата со изрендано чоколадо.
Пријатен апетит!