Тиквен мед- Вистинскиот балсам за вашиот црн дроб, а еве како лесно да го приготвите
Сличен на многуте видови на мед, тиквениот мед се користи за медицински цели, а здравствените придобивки од истиот се бројни, но тој е најмногу ефикасен при бубрежните и заболувањата на црниот дроб.
За многумина, овој мед е од витално значење, бидејќи помага во исфрлање на жолчката и за лекување на заболувања на уринарниот тракт.
Помага при опстипација и разни заболувања на дебелото црево, а поради високото количество на витамини и минерали, значително го зајакнува и имунитетот. Помага во борбата против високиот холестерол, атеросклероза, ја намалува подуеноста и ја подобрува срцевата функција.
Како да го приготвите тиквениот мед
Ќе ви биде потребна една зрела жолта тиква, а сè што е потребно да направите е да го исечете горниот дел од тиквата и да ја исчистите нејзината внатрешност, остранувајќи ги семките.
Добиениот голем отвор наполнете го со шеќер по ваш избор, а потоа горниот дел покријте го со исечениот дел и на овој начин, складирајте ја тиквата на ладно место, за 10 дена.
Во текот на ова време, шеќерот целосно ќе се раствори во тиквениот сок, а штом ќе се случи овој процес, отстранете го горниот исечен дел и добиената течност исипете ја во стаклена тегла.
Начин на употреба
Како ќе го консумирате тиквениот мед, зависи целосно од самите вас. Може со истиот да го засладите вашиот чај и домашни напитоци, може самостојно да го консумирате 2-3 пати на ден, по 2-3 супени лажици или како здрав фил за палачинки.
Доколку не го претпочитате шеќерот, тиквата може да ја наполните со вистински пчелен мед.