4 типови на мажи кои жените треба да ги избегнуваат по секоја цена
Независно од тоа колку се убави, интелигентни и мудри, може да ви се случи да влезете во врска со маж, кој може буквално да ве уништи и целосно да ве повреди, нарушувајќи ги вашите идентитет и самодоверба.
Не случајно се вели дека љубовта е слепа!
На почетокот, кога сте во фаза на вљубување, вообичаено не ги гледате нештата од реален аспект. И кога емоциите ќе се смират, добро помислете дали мажот пред вас е човекот со кој сакате да го поминете и делите вашиот живот и дали со истиот ќе бидете целосно среќни.
Еве 4 клучни карактеристики кои ги одредуваат мажите кои дефинитивно треба да ги избегнувате, по секоја цена:
1. Маж кој ве спречува да се гледате со вашето семејство и пријателите
Една важна работа која треба да знаете е дека покрај вашата врска, треба да имате нормален социјален живот и да имате пријатели, а доколку вашиот партнер ве попречува во ова поле, тогаш стојте подалеку од истиот.
2. Маж кој психички ве малтретира и навредува
Доколку мажот до вас постојатно ве малтретира со разни навреди и погрдни имиња, дури упорно тврдејќи дека сето тоа е шега, тогаш едно е сосема јасно- тој едноставно сака да ве повреди! Ваквите манипулатори дури на крај може вината да ја префрлат врз вас, но никогаш не дозволувајте некој на овој начин да се однесува со вас.
3. Маж од кој имате доза на страв
Тоа е јасен знак дека нешто не е во ред. Доколку вашиот партнер често се служи со техники на манипулирање и притоа кај вас предизвикува одредено чувство на страв, тогаш и самите сте свесни дека не ви е потребен ваков партнер.
4. Маж кој ве тера да го тертирате како крал
Некои луѓе, убедени од некоја причина, веруваат дека тие заслужуваат и мораат да бидат третирани како кралеви, а тоа токму го бараат најчесто од нивните партнерки. Доколку мажот од вас бара да му ги исполнувате сите желби, без компромис и без изговори, тогаш добро размислете дали заслужувате вакво однесување.