Доколку фармерките ви станат тесни по празнците, не брзајте да ги фрлите- Еве како лесно да ги проширите
Сите може да се согласиме дека сме се нашле во ситуација каде омиленото парче облека ни станало тесно и неудобно, особено во периоди како овие, по празници поминати во уживање на обилно количество храна.
Доколку моментално имате ваков проблем, не брзајте да ги исфрлите вашите фармерки, бидејќи со следните 2 лесни трикови лесно може да ги проширите и повторно истите да бидат удобни при носењето.
Трик бр. 1
Доколку делот околу копчето е проблематичниот и фармерките се тесни околу стомакот, притоа станува збор за проширување од 1-2 центиметри, тогаш нема да ви биде потребна машина за шиење. Материјалот може едноставно да го проширите со влага и висока температура, а за да го направите ова, намокрете го горниот дел од фармерките, а потоа со пеглата, добро поминете преку ременот на фармерките.
Бидете внимателни, за да не ги оштетите истите. Повторете ја постапката неколку пати, до постигнување на посакуваната цел.
Трик бр. 2
Оваа опција ќе биде воедно многу корисна и за бремените жени и сите останати, доколку ве стега ременот на фармерките. Идејата е да ги проширите истите со импровизирана лента од ластик. За оваа цел, купете ластик со должина од 5-10 цм, соодветен за ремен, со отвори. Од едната страна зашијте ги копчињата на посакуваното место, а потоа прикачете ја лентата на фармерките, како што е прикажано на фотографијата.