Габички и кандидијаза: 3 лесни начини како да се справите со најчестите женски проблеми
Основната причина за појава на габичките е киселата средина? Консумирате многу благо, а се движите многу малку? Тоа значи дека нивото на шеќер во крвта е многу високо, токму како што габичките го обожаваат.
Како да се справите?
1. Престанете да ги храните габичките
Основниот извор на храна од кој се хранат габичките е белиот шеќер. Со создавањето на киселата средина, се стимулира растот и развојот на габичките. Токму затоа, консумацијата на јаглехидрати, шеќер, тестенини и јадења приготвени со бело брашно, треба да бидат сведени на минимум.
Бидејќи и за кандидијазата основен извор на храна се шеќерите и простите јаглехидрати, потрудете се да ги исклучите од вашето дневно мени.
2. Одгледувајте здрава микрофлора
Во човечкото тело опстојува маса од корисни здрави микроби, кои го одржуваат имунитетот на највисоко ниво и придонесуваат за производство на неопходните хормони. Пријателските бактерии (доколку микрофлората е здрава и силна) ги елиминираат габичките и паразитите.
Затоа потребно е да јадете што повеќе зеленчуци како целер, зелка, цвекло, моркови и зелена салата. Обидете се кон речиси се секој ваш оброк да додадете сурови зеленчуци и зеленчукови напитоци.
3. Лекување со прополис
Во 200 мл дестилирана вода растворете 15 капки 5% раствор на прополис и добиената смеса налејте ја во пумпа за вагинално миење.
Прочистувањето со вагиналната пумпа се прави секоја вечер пред спиење, во текот на 10 дена, а потоа е неопходно да се направи пауза од 20 дена. По изминатата пауза, третманот се повторува.