Само неколку дена пред свадбата, свршеникот ѝ соопшти дека нема да се ожени со неа, а еве што неочекувано направи невестата
23-годишната Шелби Спинк, oд Англија, беше пресреќна додека се подготвуваше да стапи во брак со љубовта на нејзиниот живот, но само неколку дена пред свадбата, мажот со кога беше во врска 3 години, ја остави.
Речиси една недела пред нејзиниот голем среќен ден, партнерот се појавил пред Шелби, објаснувајќи дека се откажува од свадбата, дека веќе не ја сака и притоа, нема да се ожени со неа.
Иако беше скршена по оваа вест, Шелби одлучи дека нема да го уништи туку така целиот нејзин труд и трудот кој го вложиле нејзините најблиски, во подготовките за свадбата.
Наместо свадба, на закажаната локација, Шелби одлучи да ги покани сите нејзини познаници, пријатели и семејството, за да прослави по повод тоа што нема да се мажи! Нејзината одлука беше навистина изненадувачка за сите, при што набрзо стана хит на Интернет и ги освои корисниците.
„Ја вложив и дадов сопствената душа за оваа свадба. Затоа сакав тој ден да биде едно незаборавно доживување. Тој ден одлучив да ми биде најсреќен, додека сум опкружена со моите најблиски и пријателите, со луѓето кои навистина ме сакаат. Одлучив дека нема да дозволам на моето поранешно момче да ми го уништи расположението, ниту животот!“- вели Шелби.
Дали се согласувате со нејзината постапка?