3 домашни средства како брзо да го спасите вашето дете од тешки кашлици, на природен начин
Постојаната кашлица кај децата може да се претвори во непријатна реалност во текот на зимските денови. За среќа, постојат многу лесни рецепти кои брзо и ефикасно може да го излекуваат вашето дете.
Од ефикасни напитоци и гаргари до лековити облоги, во продолжение прочитајте неколку природни средства кои може да ви помогнат лесно да се изборите со овој проблем.
Природни средства за лекување на кашлица кај деца
1. Млеко со кромид и лук
Кромидот може ефикасно да помогне при лекување на настинка, кашлица, висока температура и болно грло. Едноставно исечете на ситно 3 мали кромиди и половина глава лук и потопете ги истите во 1 литар млеко. Поставете ја смесата да се вари, а потоа прецедете. Кон овој домашен лек, може да додадете и малку мед, со цел да го подобрите неговиот вкус.
2. Облога од ѓумбир
Ова моќно лекарство се приготвува многу лесно. Потребно е да измешате малку брашно, мед и зејтин со 1 супена лажица сомелен ѓумбир (или ѓумбир во прав). Поставете ја добиената смеса во форма на облога врз градите на вашето дете. Се поставува 3 часа пред спиење, а токму пред легнување, потребно е облогата да се отстрани.
Важно: Не ја употребувајте облогата кај деца со чувствителна кожа, за да не предизвикате дразнење на истата.
3. Измешајте банана, вода и мед
Ова домашно средство може ефикасно да ја ублажи бронхитната кашлица. Најпрво ќе треба да зовриете малку вода, а потоа да ги излупите бананите и да ги сомелете, до добивање на пире. Поставете го пирето во тенџере и налејте вода врз истото. Оставете го да врие на слаб оган 30 минути. Потоа оставете ја смесата да се излади и додадете лажица мед. Давајте на вашето дете по 100 мл од лекот, 4 пати на ден.