Навистина е здодевно да поминете 2-3 часа лакирајќи ги вашите нокти, а притоа веќе следниот ден тие да изгледаат неуредно. Следните 4 златни совети се токму за дамите кои го претпочитаат обичниот, наместо гелниот лак.

А благодарение на истите, вашиот лак ќе трае многу подолго и ноктите ќе изгледаат секогаш совршено.

1. Не штедете пари при купувањето на лакот

Доколку купувате евтин лак за нокти, тогаш заборавете на совршениот маникир, бидејќи евтиниот лак е помалку веројатно дека ќе биде долготраен и истиот нема да трае повеќе од 1 ден. Се подразибра, ова не значи да потрошите цело богатство за еден лак, но консулитрајте се со вашата козметичарка околу тоа кои лакови се поквалитетни.

2. Не ги отстранувајте кутикулите

Наместо нивно отстранување или омекнување со топли купки, користете специјални производи наменети за истите. Добро негуваните кутикули се одлична поддршка за лакот, при што со нив, истиот ќе трае подолго и ќе биде позацврстен.

3. Не го протресувајте шишето со лакот

На овој начин ќе го избегнете создавањето на меурчиња во лакот и истиот ќе има многу подобра текстура при неговото нанесување.

4. Еден слој не е доволен

Доколку посакувате лакот да трае многу повеќе, тогаш нанесете повеќе од 1 слој. Така, покрај тоа што истиот ќе биде долготраен, ќе има и многу поубава нијанса.

5. Нанесете масло на вашите нокти

По туширање или допри со вода, заштите ги вашите нокти, како и самиот лак, со нанесување со масло, кое ќе ги заштити истите од надворешните фактори и ќе ја продолжи долготрајноста на лакот.