„Зедов неколку мандарини и ги полеав со тесто- Повкусен десерт немав јадено одамна“
Што може да биде подобро и повкусно од домашно приготвен десерт? Штотуку изваден од рерна, топол, кој ќе ја наполни кујната со неодолив ароматичен мирис.
Токму денес ќе ве изненадиме со рецепт за еден неодолив колач со вкус на мандарини.
Вкусен десерт со мандарини
Потребни состојки
- 5 мандарини
- 4 супени лажици шеќер (за карамелата)
- 3 јајца
- 80 гр шеќер
- 3 гр ванила
- Сол по ваш вкус
- 100 мл пресно млеко
- 40 гр растопен путер
- 150 гр пресеено брашно
- 1 кафена лажица пециво
Начин на подготовка
Добро излупете ги мандарините и исечете ги на половина. Доколку е неопходно, отстранете ги нивните семки.
Следно, пригответе го тестото: Во еден сад, измешајте ги јајцата со 80 гр шеќер, ванила и малку сол. Со миксерот мешајте ја смесата 3-4 минути, а потоа додадете го млекото и путерот.
Измешајте ја смесата добро, до добивање на мазна текстура. Додадете го брашното и пецивото и внимателно измешајте, за да нема грутки.
Додадете 4 супени лажици шеќер во сува тава и загрејте го истиот на среден оган, околу 4 минути. Кога шеќерот ќе се претвори во карамела, малку промешајте го шеќерот и отстранете го од оганот.
Покријте го садот со хартија за печење и врз целата нејзина површина, исипете ја добиената карамела.
Поставете ги половините од мандарините како што е покажано на фотографијата.
Врз овошјето додадете го и тестото и добро израмнете ја смесата. Печете го десертот на температура од 180°C, за 35-40 минути. Во последните 10 минути од печењето, можете да ја намалите температурата.
Извадете го десеретот од рерната и свртете го, отстранете ја хартијата за печење и насладете се на неговиот неодолив вкус и мирис!
Пријатен апетит!