„Еве зошто поставувам лук во саксијата на собните растенија- Цвеќињата полудеа, а орхидеите не престануваат да цветаат“
Лукот е неверојатна здрава состојка, но освен за нашето здравје, истиот е и извонредно корисен за здравјето на растенијата, особено за нашите омилени цвеќиња кои ги одгледуваме покрај прозорецот.
Зошто лукот е толку многу корисен за растенијата?
1. Богат состав
Лукот е богат со минерални соли, антиоксиданти, етерични масла и органски киселини, кои лесно се апсорбираат во растението, а се неопходни за неговиот раст и развој.
2. Ја преработува и прочистува почвата
Најголемата предност од лукот за собните растенија е што тој ја преработува почвата, ја прочистува од патогени микроорганизми, а сето тоа се должи на неговото производство на етеричното масло алицин, кое има антибактериски својства.
Како да го употребите лукот за вашите растенија?
За да ги заштитите вашите собни растенија и цвеќиња, доволно ќе биде 1 чешне лук. Истото исечете го на 3-4 делови и закопајте го плитко во почвата. По одредено време, потребно е лукот да се извади, за да не започне да гние и да предизвика појава на мувла, габички и слично.