5 сигурни и лесни начини како да ги отстраниме масните наслаги на бутовите
Масните наслаги на бутовите се појавуваат само кај жените, а лекарите објаснуваат дека тоа може да се должи на разни причини, како хормонски дисбаланс, пасивен начин на живот, стрес и слично.
Во продолжение ви откриваме 5 сигурни, притоа и лесни начини како да го решите овој проблем:
1. Зголемете го времето за сон
Поради недостатокот од сон, хормонот грелин започнува да се произведува во телото, што пак, предизвикува појава на глад. Сонот во рамките на 7-9 часа го нормализира нивото на хормоните.
2. Започнете го утрото со шолја кафе
Овој напиток има лесен диуретски ефект, со што го стимулира метаболизамот и помага на телото да согори повеќе масти за време на било каква физичка активност, особено при вежбањето.
3. Додадете електролити во вашето дневно мени
Вклучете ги зеленчуците, бананите и киселото млеко во вашето дневно мени, бидејќи колку повеќе калциум, калиум и магнезиум внесувате, толку помалку сол ќе остане во вашите ткива, а притоа ќе исчезне и подуеноста и целулитот.
4. Пливање на грб
Овој вид на пливање помага да се активираат стомачните мускули, што автоматски го подобрува држењето на телото и ја затегнува кожата на бутовите.
5. Танцувајте
Латиноамериканските танци го поттикнуваат вашето тело активно да ги согорува масните наслаги во долниот дел од стомакот, како и бутовите и задните делови на нозете. Воедно, музиката ќе придонесе за ваше опуштање и намалување на стресот, кој е исто така причина за појава на масните наслаги.