90% од нас погрешно го користат- Еве за што всушност служи ова парче ткаенина со копче кај новата облека
Во денешната статија ви разоткриваме една грешка, која повеќето од нас ја прават секојдневно. Со сигурност веќе сте забележале, дека со новата купена облека, доаѓа и парче ткаенина со копче, спакувани во индивидуален плик.
Овој мал детаљ секогаш доаѓа заедно со фабрички дизајнираната облека.
Повеќето луѓе се убедени дека овој детаљ е неопходен за повторно шиење, во случај на проблем како кинење на облеката, појава на дупка или дамка која не може да се отстрани.
Но, во денешно време, повеќето исто така се согласуваат дека ретко се занимаваат со повторно шиење и воедно веднаш го исфрлаат парчето ткаенина со копчето, бидејќи го сметаат непотребно.
Копчињата треба да се зачуваат, бидејќи може да завршат одлична работа во случај на губење на овој детаљ од облеката.
Но, треба да се зачува и додатното парче облека. Неговото значење е сосема различно. Малото парче ткаенина е неопходно за да може човекот да избере соодветен режим на перење на новата купена облека.
Материјалот се користи за тестирање, односно да се избегнат непријатности за следните точки:
- Оценка на состојбата на материјалот за време на перењето
- Оценка на состојбата на материјалот за време на перењето при различни режими
- Прогнозирање за загубата на бојата
- Оценка за степенот да стуткување
- Избор на оптимална температура