„Со оваа маска со кисело млеко, мојата коса стана долга, густа и ставив крај на расцветаните врвови“
Целата убавина на дамите се крие токму во нивната коса. Но, грижата и негата за истата не е секогаш лесна задача. Правилната исхрана, активниот начин на живот,с соодветната козметика- сето тоа влијае врз косата.
Во текот на зимата, косата е најчувствителна, па токму затоа во продолжение ви ја претставуваме најдобрата домашна маска со која ќе ја заштитите вашата коса, притоа оваа маска ефикасно ќе го стимулира нејзиниот раст и волумен и ќе стави крај на расцветаните врвови.
Домашна маска со кисело млеко за совршена густа коса
Потребни состојки
- 1 супена лажица зејтин
- 2 супени лажици кисело млеко
- 1 жолчка
Начин на подготовка и употреба
Добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа добиената маска нанесете ја врз корените и по целата должина на вашата коса. Завиткајте ја косата во фолија или најлонска ќеса, а потоа и во крпа и оставете ја да дејствува 1 час.
На крај, измијте ја косата на вообичаениот начин. Благодарение на оваа маска ќе го спречите косопадот и притоа ваша коса ќе биде соодветно хидратирана.