Секое растение е потребно од време на време да биде потхрането, а ова е особено важно да се прави во текот на вегетативниот и период на нивното цветање.

За да го стимулирате и зголемите растот и цветањето на дури и најкревкото растение ќе ви помоне обичниот квасец. Во продолжение прочитајте како да ја приготвите домашната смеса со истиот.

Домашна смеса за зголемен раст и раскошно цветање

Потребни состојки

  • 10 гр квасец
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 л топла вода

Начин на подготовка и употреба

  • Растворете го квасецот во вода, додадете го и шеќерот и добро измешајте ги состојките. Оставете ја смесата да отстои 2 часа.
  • Приготвениот раствор се разредува со вода, во сооднос 1:5
  • Со добиената смеса се полеваат растенијата еднаш месечно во текот на есенско-зимскиот период и еднаш на секои 10 дена во текот на пролеттниот и летен период.

Фитохормоните и витамините од групата Б кои се содржат во квасецот активно ја стимулираат клеточната делба и го поттикуваат растот на растенијата. Оваа смеса ја користат дури и професионалните цвеќари.