„Родителите на мојот сопруг се однесуваат лошо со мене. Дали да ставам крај на бракот?“
Понекогаш дури кај паровите, при кои мажот и жената сметаат дека се создадени еден за друг, може да се појави раздор, доколку во нивниот однос се појават проблеми предизвикани од семејството и роднините.
Токму следната исповед на 29-годишната Елена зборува за една ваква брачна ситуација.
Еве што вели таа:
„Јас и мојот сопруг веќе 5 години живееме во потполна хармонија. Но, не можам нашиот брак да го наречам идеален и сето тоа поради неговите родители. Тие се постари и навиудм изгледаат мирни и културни луѓе, но никогаш не се задоволни од ништо. Никогаш не ја даваат потребната поддршка, ниту пак пофалба. Постојно ме озборуваат зад мојот грб.
Веќе не сум изненадена доколку не им се допаднал мојот ручек или десертот што сум го приготвила. Веќе навикнав на овие апсурдни ситуации, бидејќи се случуваат буквално секој пат кога тие ќе нè посетат или кога ние ќе отидеме на гости. Тогаш се чувствувам толку непријатно и осамено во тие моменти, кои треба да бидат семејни и полни со топлина.
Разбирам дека сопругот не сака да ги навреди или налути неговите родители и ги прифаќа такви какви што се. Но, откако ќе ме навредат, а тој не реагира, туку продолжува добро да се согласува со нив, тогаш тоа ме лути. Започнувам да се однесувам лошо и кон него. Често на ум ми доаѓаат мисли за развод, да ставам крај и веќе никогаш да не ги гледам тие непријатни лица. И ако се чувствувам лошо, можеби нашиот брак е сепак грешка, зарем не?“
Каков совет би дале или како вие би постапиле на местото на Елена?