Еве како да откриете кој витамин ви недостасува, според сигналите кои ви ги даваат различните делови од телото
Правилната исхрана, квалитетниот сон и физичката активност му помагаат на нашето тело да биде здраво и во форма. Но, воедно се случува и нашето тело да ни сигнализира кога нешто не е во ред.
Причината може да биде сериозна, но може да биде и навистина апсурдна- едноставно да станува да збор за недостаток на витамини. Еве како да откриете дали и кој витамин ви недостасува, според знаците кои ви ги дава вашето тело:
1. Кожа на тело
- Стриите би можеле да настанат како резултат на недостаток на витамин Д.
- Фоликуларна хиперкератоза може да се јави како недостаток на витамин А.
- Доколку вашата кожа е сува и се лупи, а нејзините фоликули се вцрвенети, тогаш на вашиот организам не му недостасува витамин Ц.
- Жолтите дланки може да укажуваат на вишок на бета-каротин во организамот.
- Грубата кожа по рамената и рацете може да значи недостаток на масни киселини.
2. Кожа на лице
- Акните означуваат дека основен проблем е недостатокот на цинк.
- Прекумерената масна кожа може да значи недостаток на витамин Б2.
- Вцрвенувањето на кожата околу носот укажува дека на вашето тело му е потребен витамин Е, како и бор, магнезиум и калциум.
- Бледото лице укажува дека вашиот организам има потреба од биотин и фолна киселина.
- Доколку кожата на лицето е сува и се лупи, додадете витамин Ц, А и Е во вашето дневно мени.
3. Очи
- Катаракта настанува како резултат на недостаток на хром во телото.
- Загуба на острината на видот укажува на недостаток на витамин А.
- Нервен тик се смета за знак на недостаток на магнезиум, Б2, Б5 и цинк.
4. Уста
- Чувството на болка при јазикот може да биде предизвикано од недостаток на витамин Б12, фолна киселина, цинк и железо.
- Испуканите усни означуваат недостаток на витамин Б2.
- Гингивитот најчесто започнува со недостаток на витамин Ц.
- Пародонтозата е индикатор за недостаток на витамин Д.
5. Раце и нозе
- Студените раце и нозе означуваат недостаток на магнезиум.
- Грчевите во екстремитетите може да бидат предизвикани од дехидратација, недостаток на калиум, калциум и магнезиум.
6. Нокти
- Белите дамки по ноктите се знак за недостаток на минерали во телото, а најмногу на цинк.
- Кршливите и меки нокти се индикатор за недостаток на магнезиум.
- Испуканите нокти означуваат недостаток на железо.