Длабоко прочистувачки домашен лосион, кој ги запира знаците на стареење, а резултатите се видливи по неколку дена
Секоја жена мечтае нејзината кожа да изгледа совршено и беспрекорно колку што е можно подолго време, а бидејќи лицето е нежно и чувствително, неопходно е истото да се негува со соодветни средства.
Токму за оваа цел, за вас го имаме најдобриот рецепт за совршеното природно лекарство кое ефикасно ги отстранува акните, брчките, дамките и останатите чести проблеми со кожата, без никакви несакани ефекти.
Еве како истото да го приготвите.
Длабоко прочистувачки домашен лосион
Потребни состојки
- 1 супена лажица сода бикарбона
- 2 супени лажици кокосово масло
Начин на подготовка и употреба
Измешајте ги состојките во мал сад, а потоа добиената паста нанесете ја врз кожата и нежно масирајте со врвовите на вашите прсти. Оставете ја смесата да дејствува 5 до 10 минути, а потоа исплакнете со многу топла вода.
Кокосовото масло длабоко ќе ја навлажни вашата кожа, при што ќе немате потреба од нанесување на крема за лице по третманот.