Вкусен домашен лек за брзо запирање на кашлица, кој ефикасно делува и за деца и за возрасни
Овој домашен лек од шеќер, банани и млеко е исклучително ефикасен при кашлица кај деца, како и кај возрасни, при што веднаш и брзо го решава проблемот со грлото.
Вкусен домашен лек против кашлица
Потребни состојки
- 1 кафена лажица прегорен шеќер
- 200 мл млеко
- 2 банани
Начин на подготовка
Затоплете обичен шеќер над оганот, а кога кристалите ќе се стопат и масата ќе се згусне, исипете го шеќерот во тенџере. Следно, полејте го шеќерот со топло млеко.
Потоа, излупете ги бананите и со вилушка изгмечете ги, а добиеното пире од истите додадете го кон топлото засладено млеко. Варете ја смесата, додека внимателно ги мешате состојките.
Отстранете го млекото од оганот, малку изладете го и испијте го лекот. Бананите ќе помогат при воспалението, млекото ќе ја засили секрецијата на слуз, а прегорениот шеќер делува како експекторанс.