Каков би бил нашиот живот без љубов? Таа му дава смисла на секојдневието, нè тера да се чувствуваме како на седмо небо, но е способна да ни нанесе и болка, поголема од физичката.

Секој од нас има различна среќа во љубовта, а за тоа огромна улога играат и ѕвездите. Еве каква е вашата, според вашиот хороскопски знак:

1. Овен

Вашата љубов е силна, топла и светла, токму како вашиот хороскопски знак и затоа кон вас ќе привлечете партнер, кој ќе ве обожава со истиот интензитет и топлина.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Бик

Кога еднаш ќе влезете во сериозна врска, вие долго останувате во истата. Го обожавате спокојот, но судбината ќе ви донесе личност која ќе го смени вашиот живот.

3. Близнаци

Кога сте вљубени, сакате да поминувате секоја секунда со вашиот партнер. Судбината за вас има подготвено личност, која ќе ве поттикне да биде похрабри, кога сте сами.

4. Рак

Никогаш не може човек да стане глупав од љубовта, но како што велат никогаш не треба да велиме никогаш. Возможно е некоја личност целосно да го сврти вашиот ум.

5. Лав

Вашето е огромно и понекогаш е тешко човек да ве сака, но во текот на животот ќе запознаете личност која ќе ве скроти, но и која совршено ќе ве надополни.

6. Девица

Иако секогаш се обидувате да се претставите како храбри во љубовта, всушност вие сте многу ранливи. Затоа за вас судбината има подготвено личност која ќе биде ваша најсилна поддршка.

7. Вага

Љубовта може целосно да ве проголта и обземе, што и не секогаш е најдобрата работа. Затоа, во текот на животот ќе запознаете личност која ќе го внесе потребниот баланс во вашето секојдневие.

8. Скорпија

Љубовта е сè за страстените Скорпии. Секогаш одите од една во друга крајност, па затоа вашиот партнер ќе биде личност која ќе ве научи да бидете умерени.

9. Стрелец

Вие сте едни од луѓето кои се тешко скротливи и кои тешко остануваат верни на својот партнер, но ќе пронајдете личност со која конечно голема љубов ќе завладее во вашиот живот.

10. Јарец

Сакате да се чувствувате сакано, но понекогаш полудувате од романтичните чувства. Токму ваква е вашата приказна, луда и возбудлива.

11. Водолија

Вие не сакате да си играте игри и кога сте вљубени, го вложувате својот максимален труд со сето срце. Судбината ви има подготвено средба со личност, која го заслужува вашето големо срце.

12. Риби

Љубовта е како дишење за вас- рефлекс без кој не можете да живеете. Сакате хармонија во вашите љубовни односи, но треба да се подготвите и за малку хаос.