Доколку веќе подолго време се борите против вишокот килограми, но без никаков успех, тогаш обидете се со овој чудесен и вкусен наптиок, кој значително ќе го обнови и ефикасно ќе го забрза вашиот метаболизам.

Домашен напиток за брзо слабеење

Потребни состојки

  • 1-2 кафени лажици изрендан корен од ѓумбир
  • 1 лимон
  • 1,5 литри вода
  • Мед по вкус

Начин на подготовка

Исечете го лимонот заедно со неговата кора, а потоа измешајте го со ѓумбирот. Додадете ги состојките во термос и полејте ги со топла вода. Оставете ја смесата да отстои 6 часа, а пред употреба, додадете и мед.

Консумирајте 250 мл од напитокот половина час пред секој ваш оброк, а тоа ќе го забрза процесот на слабеење и за кратко време ќе ги добиете посакуваните резултати.