Два компири, едно јајце и едно пакување урда, рецептот е толку едноставен, а толку вкусен. Со сигурност веднаш ќе ги освоите вашите најблиски, без многу труд!

Ќофтиња од компир со урда- Со малку производи до кралска вечера!

Два компири, едно јајце и едно пакување урда, рецептот е
толку едноставен, а толку вкусен. Со сигурност веднаш ќе ги освоите вашите
најблиски, без многу труд!
Total Time30 minutes
Course: Вечера
Cuisine: Mexican
Клучни зборови: компир, ќофтиња, урда
Servings: 4

Ingredients

  • 300 гр компири
  • 180 гр урда
  • 1 јајце
  • 5 супени лажици брашно
  • По вкус сол

Instructions

  • Изматете го јајцето, а потоа кон истото додадете ја
    урдата и добро измешајте ги состојките. За оваа, цел одлично би било да
    употребите и блендер, за добивање на што посоединета смеса.
  • Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња. Поставете
    ги да се варат, до нивно целосно сварување. При варењето додадете малку сол.
  • Откако компирите ќе се сварат и изладат, кон истите додадете
    ја смесата од урдата и јајцето. Добро измешајте ја целата смеса.
  • Во добиената смеса додадете брашно, постепено по една
    супена лажица, односно вкупно 5 супени лажици. Штом тестото ќе започне да се
    соединува, престанете со додавање на брашното.
  • Разделете го тестото на 10 мали топки, притоа истите
    лесно притиснете ги и од двете страни.
  • Испржете ги во тава, што ќе ви одземе неколку минути.