Најдобриот домашен лек против тврди калуси
Чудесното растение познато како „чувар куќа“ има цврста градба, која се карактеризира со месести и сочни листови, кои пак, поседуваат неверојатни квалитети.
Сокот од листовите на ова растение било користено уште од древни времиња за заздравување на рани, за намалување на надразнетост и изгореници на кожата, а исто така, важи за ефикасно средство во борбата против тврдите калуси.
Домашен лек против тврди калуси
Потребни состојки
- Лист од „чувар куќа“
- Фластер
Начин на подготовка и употреба
- Откинете парче од првиот лист, доволно големо за покривање на проблематичното место.
- Излупете го вториот надворешен површински слој.
- Излупете трето парче и поставете го врз калусот, а потоа зацврстете го со фластер.
- Следното утро сменете го и листот и фластерот и така носете ги во текот на целиот ден.
- Продолжете со лекувањето во текот на следните неколку дена и калусите целосно ќе исчезнат.