Никој не сака себеси и своите најмили да ги труе со лекарства за кашлица, а воедно доколку го претпочитате природниот начин за негување на вашето здравје, пробајте го следниот домашен рецепт.

Станува збор за популарен рецепт со здравец и ореви кој брзо ја елиминира и најупорната кашлица. Во продолжение прочитајте како да го приготвите.

Домашен лек против кашлица

Потребни состојки

  • 3 сомелени ореви со лушпи
  • 3 супени лажици босилек
  • 3 листови здравец
  • Малку шеќер или мед

Начин на подготовка и употреба

Поставете 500 мл вода да се зоврие, а потоа додадете ги сите останати состојки, без шеќерот. Смесата се остава да врие на слаб оган 5 минути, а потоа се остава да отстои 20 минути. Кон истата, може да додадете шеќер или мед. Потоа се прецедува и се дели на 3 делови кои треба да ги испиете преку денот.

Овој рецепт наменет за една доза, за еден ден, а истиот дејствува веднаш.